24фудбал

Алегри: Мораме да го победиме Олимпијакос

Тренерот на Јувентус, Масимо Алегри вели дека против Олимпијакос тие играат за својата иднина во Лигата на Шампионите

Лига на Шампиони

По поразот на гостувањето кај Атлетико Мадрид во второто коло, ’Старата Дама’ доживеа неуспех и на средбата со Олимпијакос во Атина пред две недели, па шампионот на Италија мора да се врати на победнички патеки за да ги задржи шансите за прогрес во нок-аут фазата.

„Утре не чека тежок тест против тим кој игра добар фудбал, тим што пред своите фанови славеше над Атлетико Мадрид и Јувентус” - рече Масимо Алегри на денешната прес-конференција.

„Потребно е да бидеме фокусирани, и да одиграме интензивно”.

„Играме за нашата иднина во Лигата на Шампионите и прогрес во нок-аут фазата. Мораме да победиме”.

Запрашан каков натпревар очекува, тренерот на Јуве вели: „Очекувам Олимпијакос да одигра онака како што играше во Атина”.

„Ние мораме да ги исправиме грешките од претходниот натпревар. На гостувањето во Грција имавме многу непрецизни додавања, особено во првото полувреме”.

„Ќе имаме 95 минути на располагање за да обезбедиме добар резултат, па нема потреба да бидеме нервозни или пак да брзаме”.

„Потребно е да бидеме трпеливи, и да имаме челични нерви за да стигнеме до посакуваниот резултат”.

„Целта е да се победи, по можност со два гола разлика, бидејќи гол разликата на крајот може да се покаже како клучна за прогрес во следната рунда”.