24фудбал

Пике има три понуди од Премиерлигата

Според пишувањата на каталонскиот Sport, на адреса на Жерард Пике пристигнале понуди од Челзи, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед

Шпанија

Репрезентативецот на Шпанија има пад во формата, па често се говори за негово заминување од Барселона.

Денешното издание на Sport вели дека три клуба од Премиерлигата сакаат да го вратат Жерард Пике на ’Островото’.

Челзи, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед внимателно ја следат ситуацијата на дефанзивецот.

Каталонскиот весник дури сугерира дека на адреса на Жерард Пике пристигнле три понуди.

’Сините’ се подготвени да одвојат 30 милиони евра, ’Граѓаните’ 28 милиони, а ’Црвените Ѓаволи’ 25 милиони.

Жерард Пике добро го познава фудбалот во Англија, тој во периодот од 2004 до 2008 беше дел од Манчестер Јунајтед.