24фудбал

Џерард: Ако Ливерпул не ми понуди нов договор, ќе играм во друг клуб

Капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард вели дека би го напуштил Енфилд и би се преселил во друг клуб доколку не му биде понуден нов договор.

Англија
Стивен Џерард во Ливерпул е од својата девета година, капитенот има речиси 700 настапи во првиот тим, но неговиот актуелен договор истекува ова лето па се појавија шпекулации дека може да замине.
 
Џерард не планира да се пензионира доколку не му биде понуден нов договор, подготвен е за прв пат во својата кариера да облече друг дрес.
 
„Се грижам само за оваа сезона, бидејќи мојот договор истекува во мај" - изјави Џерард за Дејли Мејл.
 
„Како што во моментов стојат работите, тука сум до крајот на сезоната. Не планирам да се пензионирам ова лето, ќе играм и по завршувањето на оваа сезона".
 
„Треба да почекаме да видиме дали тоа ќе биде во Ливерпул или во некој друг клуб. Одлуката е на клубот. Доколку не ми понудат нов договор, ќе заминам".