24фудбал

Македонските теленти повторно воодушевија во Борусија Дортмунд

Никола Димитровски (ФК Талент) и Кристијан Тасески (ФК ЛГ Битола) 11. годишни јуниори уште еднаш успешно го покажаа сиот свој раскошен фудбалски талент во земјата на светскиот првак.

Македонија
На пробната утакмица со своите врсници од Борусија Дортмунд одиграа виртуозно при што Н. Димитровски беше и стрелец на два ефектни погодока. 
 
Комплетната организација во траење од дваесетина дена од (25 сеп. до 14 окт. 2014г) беспрекорно ја изведоа "Talentörderung А. Костовски" во соработка со Горан Зинзировски. Нашите јуниориза цело време имаа редовни и добро организирани тренинзи под надзор на скаутот на Борусија Дортмунд до 15 год. Волкер Препер. Но тоа не беше се. Нашите таленти имаа единствена можност да бидат претставени на скаути на една од најпознатите Агенции за пронаоѓање и откривање на фудбалски таленти Sportstotal.
 
Дека тоа е така доволно е да се споменат само неколку големи ѕвезди на германскиот фудбал; Марко Ројс, Марио Геце, Тони Крос позади кои стои оваа Агенција.
 
Ова е само уште една потврда дека нашата земја е расадник на екстра талентирани деца за најважната споредна работа на светот. Портата која води кон ѕвездените височини за Н. Димитровски и К. Тасески е подотворена. Но што ке се случува во иднина со овие небрусени дијаманти не зависи само од нивниот неспорен фудбалски талент.