24фудбал

Рожерио Сени собори уште еден рекорд

Голманот на Сао Пауло, Рожерио Сени го надмина успехот на Рајан Гигс и стигна до 590. победа во дресот на еден клуб

Јужна Америка

41 годишниот Бразилец, кој е познат по изведувањето на пенали и слободни удари, собори уште еден рекорд.

Вчера, Сао Пауло славеше над Гоиас со 3-0, па Рожерио Сени стигна до 590. победа во дресот на ’Триколорите’ и го надмина достигнувањето на Рајан Гигс за најмногу победи со еден клуб.

Велшанецот забележа 589 победи додека ги бранеше боите на Манчестер Јуанјтед.

Рожерио Сени, кој треба да се пензионира во декември, исто така го држи и рекордот за голман со најмногу постигнати погодоци (123), најмногу одиграни натпревари во дресот на еден клуб (1136) и најмногу одиграни натпревари како капитен (во април го одигра 866 натпревар).