24фудбал

Објавени кандидатите за Златната Топка

ФИФА и France Football утрово ја обjавиja листата со 23. кандидати за престижната награда Златна Топка 2014

Останато

Двојниот освојувач, Кристијано Роналдо кој стигна до ова признание минатата година, се посочува како главен фаворит пред неговиот лут ривал Лео Меси.

На листата доминираат фудбалери од Примера, првенството на Шпанија има дури 10 кандидати, шест преставници има Бундеслигата а еден помалку Премиерлигата.

Златан Ибрахимовиќ е единствениот фудбалер од првенството на Франција, а Пол Погба единствениот кандидат од Серија А.

Луис Суарез, кој имаше фантастична сезона во дресот на Ливерпул, беше најдобар стрелец во Европа и минатата недела ја доби Златната Копачка, не се најде на листата.

Листата со 23. кандидати за Златната Топка: Герет Бејл (Реал Мадрид), Карим Бензема (Реал Мадрид), Диего Коста (Атлетико Мадрид/Челзи), Тибо Куртоа (Атлетико Мадрид/Челзи), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Анхел Ди Марија (Реал Мадрид/Манчестер Јунајтед), Марио Геце (Баерн Минхен), Еден Азар (Челзи), Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ), Андрес Иниеста (Барселона), Тони Крос (Баерн Минхен/Реал Мадрид), Филип Лам (Баерн Минхен), Хавиер Маскерано (Барселона), Лео Меси (Барселона), Томас Милер (Баерн Минхен), Мануел Нојер (Баерн Минхен), Нејмар (Барселона), Пол Погба (Јувентус), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Арјен Робен (Баерн Минхен), Џејмс Родригез (Реал Мадрид), Бастијан Швајнштајгер (Баерн Минхен) и Јаја Туре (Манчестер Сити).