24фудбал

Роналдо е најдобар во Примера, Португалецот ги собра наградите

Доцна синоќа беа доделени наградите за најдобрите во Примера од минатата сезона, на свеченоста доминираа Реал Мадрид и Кристијано Роналдо.

Шпанија
Роналдо дома си замина со три награди, победувајќи во сите три конкуренции во кои учествуваше, Португалецот беше прогласен за најдобар играч, најдобар напаѓач и постигнување на најдобриот гол во минатата сезона.
 
Атлетико Мадрид ја освои наградата за најдобар тим, а најдобар тренер очекувано беше Диего Симеоне.
 
Најдобрите во Примера за сезоната 2013/14:
 
Најдобар играч: Кристијано Роналдо (Реал Мадрид)
Најдобар голман: Кејлор Навас (Леванте)
Најдобар дефанзивец: Серхио Рамос (Реал Мадрид)
Најдобар играч за врска: Лука Модриќ (Реал Мадрид)
Најдобар офанзивен играч за врска: Андрес Иниеста (Реал Мадрид)
Најдобар напаѓач: Кристијано Роналдо (Реал Мадрид)
Играч откритие: Рафиња (Селта)
Најдобар тренер: Диего Симеоне (Атлетико Мадрид)
Најдобар афрички играч: Брахими (Гранада)
Најдобар американски играч: Карлос Бака (Севилја)
Најдобар гол: Кристијано Роналдо (Реал Мадрид)
Фер плеј категорија играч: Иван Ракитиќ (Севилја)
Фер плеј категорија екипа: Реал Сосиедад