Се потежок е животот на Горан Пандев во Турција, македонскиот фудбалер не се снаоѓа во Галатасарај, притисокот од навивачите е огромен, па се шпекулира дека напаѓачот уште во јануари ќе се врати во Италија.
Галатасарај на чело со Чезаре Прандели има лош старт на сезоната, во Лигата на Шампионите доживеаа дебакли од Арсенал и Борусија Дортмунд, а ситуацијата не е сјајна ниту во турскиот шампионат.
Горан Пандев сеуште не го постигнал првиот гол, навивачите на турскиот гигант сметаат дека Македонецот нема квалитет да го носи дресот на Галатасарај, па го исвиркуваа на мечот против Борусија Дортмунд барајќи да замине од клубот.
Италијанските медиуми пишуваат дека Фиорентина, Сампдорија и Торино ја следат ситуацијата на Горан Пандев и се подготвени да реагираат.
Доколку во наредните два месеци не се промени на позитивно ситуацијата на Горан Пандев во Галатасарај, јасно е дека Македонецот ќе замине, реални се шансите тоа да биде во некој од трите заинтересирани италијански клубови.