24фудбал

УЕФА ја донесе одлуката: 3:0 службено за Србија, но на Србите им се одземаат три бода!

УЕФА денеска ја презентираше одлуката за инцидентите кои се случуваа на квалификацискиот натпревар помеѓу Србија и Албанија кој се одигра во Белград.

ЕУРО 2016
УЕФА одлучи да ја казни Србија со одземање на три бода, иако резултатот од натпреварот го регистрира со службени 3-0 за домаќинот поради тоа што Албанците не сакаа да го продолжат дуелот.
 
Европската куќа на фудбалот се реши за следниве санкции:
 
1. Натпреварот помеѓу Србија и Албанија се регистрира со службени 3-0 за Србија
2. На репрезентацијата на Србија им се одземаат три бода во квалификациите за ЕВРО 2016
3. Репрезентацијата на Србија наредните два квалификациски натпревари ќе ги игра без присуство на публика
4. Фудбалската Федерација на Србија се казнува со 100 000 евра
5. Фудбалската Федерација на Албанија се казнува со 100 000 евра
 
Во наредните пет дена на двете федерации ќе им пристигнат образлиженија во пишани форми, по кои ќе имаат рок од три дена да поднесат жалби на одлуките на УЕФА.