24фудбал

Виктор Валдез ќе тренира со Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед соопшти дека поранешниот голман на Барселона, Виктор Валдез ќе тренира со нивниот прв тим додека комплетно не се опорави.

Англија
Валдез се сели на Олд Трафорд но за почеток само ќе тренира со тимот на Манчестер Јунајтед.
 
„Валдез е слободен агент, неговата рехабилитација ќе биде надгледувана од медицинскиот тим на Манчестер Јунајтед, тој ќе тренира со првиот тим додека не биде комплетно фит" - стои во соопштението на Јунајтед.
 
Јунајтед не информира дали ќе му понудат и договор на голманот. Претходно Валдез се поврзуваше со трансфер во Ливерпул и Монако.