24фудбал

Оспина три месеци во аут

Арсен Венгер потврди дека голманот на Арсенал, Давид Оспина поради повреда на мускул и во наредните три месеци ќе биде надвор од теренот.

Лига на Шампиони

Во пресрет на денешниот натпревар од Лигата на Шампионите против Андерлехт, Арсенал се соочува со проблеми на голманската позиција.

Војчех Счесни доби црвен картон во минатото коло, а Венгер поради повреда нема да може да смета ниту на Оспина.

„Тоа е истата повреда која ја имаше и претходно. Тој прво беше повреден во Ница, имаше проблеми со коленото, и мислам дека избрзал со враќањето" - вели Венгер.

„Не ги користел нозете, па мускулите ослабнале, потоа заработи повреда на Светското првенство па кај нас дојде повреден".

„Морав да го ставам во игра против Галатасарај и покрај тоа што не беше подготвен, за жал ја обнови повредата и околу три месеци ќе биде надвор од теренот".