24фудбал

Компани се жали дека на стадионот во Москва имало 500 навивачи

Капитенот на Манчестер Сити, Винсент Компани се пожали дека на стадионот во Москва имало 500 гледачи, а дуелот требаше да се игра пред празни трибини.

Лига на Шампиони

Манчестер Сити не успеа да победи на гостувањето кај ЦСКА Москва, тимот на Пелегрини имаше водство од 2-0 на полувремето, но на крајот го прокоцка.

Наместо да зборува за перформансите на тимот, Компани се пожали за присуство на навивачи на домашниот тим на стадионот.

Според договорот со УЕФА, на трибините требаше да има само неколку стотини луѓе со своите фамилии кои се спонзори на клубот.

„Требаше да нема фанови, а немаше само фанови на Манчестер Сити. Па кој е казнет. Кој е казнет за расизам? Манчестер Сити или Москва? - вели Компани.

„Тие велат дека луѓето се спонзори, но зошто ние да бидеме казнети?"

„Ќе има новинари кои ќе речат, "тој треба да погледне во перформансите на неговиот тим, не да се жали за вакви работи", знаеме дека требаше да одиграме подобро, но вакви работи се неприфатливи".