24фудбал

Баварската машинерија газеше во Рим! (Видео)

Баерн Минхен со неверојатни 7-1 славеше против Рома на Олимпико во Рим, големо понижување за Римската Волчица, тимот на Пеп Гвардиола изгледаше моќно.

Лига на Шампиони
Распродадениот Олимпико брзо беше замолкнат, по само 35 минути игра Баерн Минхен имаше неверојатна предност од 5-0, па во продолжението се слушаа само навивачите на германскиот тим.
 
Баерн Минхен и одржа вистинска фудбалска лекција на Рома која со големи амбиции влезе во овој дуел. Никој не можеше ниту да помисли дека ќе се случи ваков дебакл на домаќинот, Баварците изгледаа премногу моќно.
 
Робен постигна два, по еднаш мрежата на Волчицата ја тресеа Геце, Левандовски, Милер, Рибери и Шакири, почесниот гол за Рома беше дело на Жервињо.
 
Силата ја покажа и Челзи кој со 6-0 го победи Марибор во натпревар во кој нашиот Агим Ибраими не успеа да реализира пенал.
 
Барселона со 3-1 го победи Ајакс, Каталонците влегоа како голем фаворит во овој дуел и ја оправдаа таквата улога.
 
Покрај Рома и Марибор, дебакл вечерва доживеа и тимот на БАТЕ Борисов кој со 7-0 на свој терен загуби од Шахтјор.
 
Интересно со пресврти беше на дуелот помеѓу Шалке и Спортинг, Германците победија со 4-3 со гол постигнат од пенал во судиското продолжение.
 
Со гол во самиот финиш победи и ПСЖ на гостувањето кај АПОЕЛ, Порто на свој терен со 2-1 го совлада тимот на Атлетик Билбао.
 
Група Е
 
Рома - Баерн Минхен 1:7
ЦСКА Москва - Манчестер Сити 2:2
 
Група Ф
 
АПОЕЛ - ПСЖ 0:1
Барселона - Ајакс 3:1
 
Група Г
 
Челзи - Марибор 6:0
Шалке - Спортинг 4:3
 
Група Х
 
Порто - Атлетик Билбао 2:1
БАТЕ Борисов - Шахтјор 0:7
 
 


Roma 1 - 7 Bayern München Highlights HD Uefa... by troublemakers41