24фудбал

Гвардиола очекува тежок предизвик против Рома

Пеп Гвардиола упати пофални зборови за работата што ја врши Руди Гарсија на кормилото на ’Римската Волчица’, предводникот на Баерн очекува тежок предизвик на гостувањето во Рим

Лига на Шампиони

’Баварците’, со максимални шест бода, како лидери во Групата Е пристигнуваат во Италија, но Пеп Гвардиола е свесен дека натпреварот со Рома воопшто нема да биде лесен.

„Дуелот со Рома ќе биде тежок предизвик” – рече Шпанецот на прес конференцијата.

„Имаме шест бода, се наоѓаме во перфектна позиција, но постојано велев дека распоредот во оваа група ќе биде одлучен во последното коло”.

„Оној што ќе победи на овој натпревар нема да обезбеди пласман во нок-аут фазата, во игра ќе бидат уште многу бодови”.

За својот колега Руди Гарсија тој вели: „Воопшто не е лесно за тренер да се адаптира во странство и да ја имплементира својата филозофија како што тоа го направи Руди Гарсија”.

„Тој обрнува големо влијание на деталите”.

„Верувам дека Антонио Конте заврши неверојатна работа со пристапот што го имлементираше, односно тоа што неговиот тим ја градеше играта од одбраната”.

„Рома го прави истото ова, па затоа овие два тима се на врвот”.

„Како гледач, задоволство е да се гледа Рома. Ја следев нивната игра, не само во Лигата на Шампионите, туку и на дуелот во саботата против Киево. Се надевам дека нема да се мачиме”.

Пеп Гвардиола, кој помина шест месеци во дресот на ’Џалоросите’ потоа додаде: „Со Премиерот Матео Ренци, Италија е извонредна земја”.

„Често ја посетувам Италија, многу е слична со културата на Каталонија”.

„Имам прекрасни мемории од Рим и од Рома, живеев тука со моето семејство”.

„Во летниот период, доколку ми се укаже прилика, често доаѓам тука”.

„Знам како луѓето живеат за фудбалот во Рим, каква е нивната страст, па затоа мило ми е што се вратив”.