24фудбал

Гарсија: Не се плашиме од Баерн, Рома не се плаши од никој

Тренерот на Рома, Руди Гарсија вели дека неговиот тим не стравува од силата на Баерн Минхен, Римската Волчица верува во своите квалитети и оди на победа против Баварците.

Лига на Шампиони
Рома го пречекува Баерн Минхен во голем дерби натпревар од Лигата на Шампионите, тимот на Руди Гарсија има одличен старт во тешката група, дома ја прегази ЦСКА Москва, а со многу добра игра стигна до реми од гостувањето кај Манчестер Сити.
 
„Ние сеуште сме аутсајдери во групата, но одигравме два добри натпревари и сакаме да продолжиме така бидејќи знаеме дека имаме шанси" - вели Гарсија.
 
„Сега играме натпревар на највисоко ниво, го знаеме тоа, знаеме дека Олимпико ќе биде полн и нашите навивачи ќе бидат со нас. Вистината ќе ја видиме на теренот, но ние ќе се обидеме да бидеме доволно добри за да го добиеме она што го сакаме".
 
„Пеп Гвардиола е еден од најдобрите тренери во светот, освои многу со Барселона, со многу добар начин на игра. Но отиде во Баерн во клуб кој освои се година претходно, и докажа дека е вистинскиот човек за овој клуб".
 
„Баерн не примил гол со месеци? Не се плашиме од нив, не се плашиме од никого. Знаеме дека играме против голем тим со одлични играчи, но и ние имаме големи играчи и играме на нашиот стадион. Во ваков натпревар нема да бидеме гледачи, имам верба дека ќе дојдеме до позитивен резултат".