24фудбал

Мурињо: Не мислам на Јунајтед, фокусирани сме само на Марибор

Жозе Мурињо сериозно му пристапува на дуелот со Марибор на кој Челзи важи за голем фаворит.

Лига на Шампиони
Во идното коло од Премиер лигата Челзи му гостува на Манчестер Јунајтед, големо дерби и тежок дуел за Сините.
 
Но, Жозе Мурињо нема да размислува на тој дуел пред да заврши натпреварот против Марибор од Лигата на Шампионите.
 
„Не мислам на Манчестер Јунајтед, мислам на Марибор. Нема да ги одмарам фудбалерите. Важно е да победиме. Групата не е лесна" - вели Мурињо.
 
„Марибор оваа сезона одигра осум натпревари во Лигата на Шампионите и нути еднаш не загуби. Не загуби од Селтик, не загуби од Спортинг, не загуби од Шалке. Кога ги проучував, сфатив дека тие не губат".
 
„Имаме четири бода, тоа не е лошо. Но треба да имаме седум од овие три натпревари. Не за да се квалификуваме, со седум бода си далеку од квалификуван, туку да имаме стабилност пред вториот дел".