24фудбал

Дел Боске: Планирам да заминам по ЕВРО 2016

Селекторот на Шпанија, Висенте Дел Боске вели дека планира да се повлече од кормилото на ’Црвената Фурија’ по Европското Првенство во Франција

ЕУРО 2016

63 годишниот стратег, кој е обврзан кон актуелниот европски шампион до 2016, во разговор со AS вели дека има намера во целост да го одработи договорот и да се повлече од селекторското столче по ЕВРО 2016.

„Мојата намера е да продолжам до ЕВРО 2016” – вели Висенте Дел Боске. „Не очекувам да си поднесам оставка пред Европското Првенство”.

Запрашан дали останува на ставот дека заминува по првенството во Франција, тој одговори: „Во животот не можете да бидете сигурни во ништо”.

„Но да, такви се моите планови, да проодлжам до ЕВРО 2016 и потоа да заминам”.

„Федерацијата ќе се подготви за глатка транзиција. Секако, ќе останам близок до фудбалот и федерацијата”.