24фудбал

Пред десет години Меси дебитираше за Барселона

На денешен ден пред десен години Лионел Меси го одигра својот прв натпревар за Барселона.

Шпанија
Ѕвездата на светскиот фудбал, Лионел Меси слави десет години од својот прв натпревар за Барселона, денот кога Франк Рајкард го внесе во игра, влезе како замена на местото од Деко, останатото е историја.
 
Од тогаш до сега Меси постигна 249 голови во шпанската Примера и стана најдобриот фудбалер во историјата на Барселона и еден од најдобрите играчи на сите времиња во светот на фудбалот. На Аргентинецот му фалат уште само три погодоци да го помине Телмо Зара и да стане најдобриот стрелец во историјата на шпанската лига.
 
Со своите фантастични партии, Меси стана вистинска икона на Барселона и воопшто на фудбалската игра.
 
Тој и неговите соиграчи во изминатите десет години ја наполнија витрината на Барселона со трофеи, од кои најзначајни се шестте во Примера и трите во Лигата на Шампионите.
 
Лео и понатаму е клучната алка во составот на Барселона кој по сезоната без трофеи ќе се обиде да им се врати на старите навики, кревањето пехари.