24фудбал

Тохир: Лигата на Шампионите треба да се зголеми

Претседателот на Интер, Ерик Тохир смета дека Лигата на Шампионите треба да има поголем број на учесници отколку сега.

Лига на Шампиони

Интер има пад во последните години, па Нероазурите не се дел од најелитното клупско натпреварување, а ќе имаат тешка задача и оваа сезона да завршат во топ три и да се вратат во Лигата на Шампионите.

Па претседателот на Интер, Тохир во изјава за Gazzetta dello Sport вели дека треба да се зголеми бројот на учесници во Лигата на Шампионите.

„Италија, Англија, Франција и Шпанија се најголемите земји на спортот. Многу е важно учеството на клубовите од овие држави во Лигата на Шампионите, тоа им дава поголема стабилност" - вели Тохир.

„Во исто време ние мора да ги почитуваме земјите како Украина, Азербејџан и останатите кои очајно посакуваат учество во Европа".

„Лига Европа го зголеми бројот на учесници во натпреварувањето. Зошто да не може тоа да го направи и Лигата на Шампионите?".

„Фановите ширум светот сакаат да ги гледаат големите имиња во Лигата на Шампионите, па не гледам причина зошто не би се зголемил бројот на тимови".