24фудбал

Платини: Замислете под дронот да имаше бомба

Првиот човек на УЕФА, Мишел Платини е загрижен од случувањата на квалификацискиот натпревар помеѓу Србија и Албанија

ЕУРО 2016

Средбата во Блеград не го дочека крајот откако тензијата што растеше неколку дена пред натпреварот кулминираше во првото полувреме кога на теренот се појави безпилотно летало со знаме на Голема Албанија.

Најпрво настана тепачка помеѓу играчите на двете репрезентации, за потоа на теренот да влезат и десетина навивачи.

УЕФА покрена дисциплинска постапка против двете репрезентации, а првиот човек на УЕФА, Мишел Платини вели дека жални се случувањата на дуелот поемѓу Србија и Албанија.

„Срамно и опасно е она што се случи” – вели Французинот. Ги чекаме извештаите на судијата, делегатот и комесарот за безбедност, кого специјално го пративме во Белград”.

„Замислете под дронот да имаше бомба наместо знаме”.

„Жални се настаните што се случија во Белград, и многу опасни поради политичката тензија што владее во тој регион”.