24фудбал

Натпреварот Србија - Албанија не го дочека својот крај

Квалификацискиот натпревар помеѓу Србија и Албанија е прекинат во 42. минута и нема да се доигра поради инцидентите кои се случуваа на терен предизвикани од летечки објект кој носеше знаме на голема Албанија.

ЕУРО 2016
Уште неколку дена пред натпреварот помеѓу Србија и Албанија тензијата растеше, а таа кулминираше на самиот натпревар кој не доживеа ниту едно полувреме.
 
Со летало управувано со далечински управувач на теренот се појави албанско знаме, Митровиќ успеа да го симне, по што играчи од албанската репрезентациија се залетаа кон него да му го одземат, дојде до тепачка помеѓу играчите, а во теренот влегоа и навивачи, мечот беше прекинат.
 
Натпреварот во Хумска не го доживеа својот крај, информациите велат дека албанските фудбалери не сакале да излезат на теренот, барале некои засега непознати посебни услови за дуелот да продолжи.
 
Останува во наредните денови да видиме како УЕФА ќе реагира на случувањата во Белград, како ќе биде регистриран овој натпревар и какви ќе бидат санкциите за учесниците во инцидентите.