24фудбал

Анчелоти: Ди Марија беше алчен

Карло Анчелоти вели дека Анхел Ди Марија заминал од Сантијаго Бернабеу бидејќи барал плата која шампионот на Европа не можел да си ја дозволи

Шпанија

Репрезентативецот на ’Гаучосите’ беше еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид минатата сезона, но ’Кралевите’ во летниот преоден рок решија да го продадат.

Анхел Ди Марија се пресели во Манчестер Јунајтед и стана најскапиот фудбалер во историјата на Премиерлигата, откако ’Црвените Ѓаволи’ платија 59,7 милиони фунти за неговите услуги.

Карло Анчелоти вели дека Реал Мадрид се одлучил на еден ваков чекор бидејќи играчот побарал плата што клубот не можел да си ја дозволи.

„Ди Марија побара многу пари и реши да замине со цел на друго место да заработува повеќе” – рече Карло Анчелоти во интервју за Radio Cope.

Запрашан дали тој бил против продажба на Ди Марија, Италијанецот одговори: „Бев на иста бранова должина со клубот. Има времиња кога клубот мора да каже не”.

„Не можете да ја промените политиката само поради еден играч”.

„Реал едноставно не можеше да му ги даде парите што тој ги бараше”.