24фудбал

Ибраими го пропушта дуелот со Украина

Поради повреда Агим Ибраими нема да може да настапи на квалификацискиот натпревар против Украина кој на програмата е во недела.

Македонија
По победата над Луксембург, мислите веднаш се насочуваат кон нашиот следен противник, Украина, натпревар кој се игра во недела во Лвов.
 
Бошко Ѓуровски нема да смета на Агим Ибраими кој поради повреда беше заменет на полувремето од синоќешниот дуел против Украина.
 
„За жал Агим Ибраими има повреда на тетивата и нема да настапи на натпреварот против Украина" - изјави Ѓуровски.
 
„Во Лвов одиме да се надигруваме. Ќе играме на истиот начин, без големи пробмени, противникот е далеку потежок, па би биле задоволни и со реми, но резултатот ќе зависи од многу фактори".