24фудбал

Ѓуровски: Три бода за поголема самодоверба

Селекторот на македонската репрезентација, Бошко Ѓуровски вели дека трите бода од натпреварот против Луксембург се многу значајни за зголемување на самодовербата и подигнување на атмосферата на повисоко ниво.

Македонија
Македонија многу тешко дојде до трите бода против Луксемубрг, Абдурахими со гол во 92. минута и донесе победа од 3-2 на Македонија.
 
„Како и што очекувавме натпреварот беше тежок, најважно е што ги освоивме бодовите" - изјави Ѓуровски по натпреварот.
 
„Се гледа дека сеуште не сме воиграни како што посакуваме. Овие три бода се многу значајни за зголемување на самодовербата и враќање на духот кај играчите".
 
„Се одлучив натпреварот да го почнам без Абдурахими и Јаховиќ, стартував со Муарем кој е одличен техничар па го сакав како креативец во средниот ред, но не се покажа онака како што посакувавме. Подоцна во игра влегоа Абдурахими и Јаховиќ и го решија натпреварот".
 
„Благодарност и за Адеми кој го прифати повикот од нашата репрезентација и покажа дека е голем потенцијал, одличен беше и Александар Трајковски".
 
„Оваа победа им ја посветуваме на повредените Дарко Глишиќ и Остоја Стјепановиќ, како и на трагично загинатиот Петар Милошевски".