24фудбал

Мендеш: Роналдо ќе се пензионира во Реал Мадрид на 40 години

Агентот на Кристијано Роналдо, Жорге Мендеш ја отфрла можноста Португалецот да се врати во Манчестер Јунајтед велејќи дека тој до крајот на кариерата ќе остане во Реал Мадрид.

Шпанија
Роналдо во последно време многу често се поврзува со враќање на Олд Трафорд, но Мендеш ја отфрла таквата можност.
 
„Кристијано Роналдо ќе се пензионира во Реал Мадрид кога ќе наполни 40 години" - изјави Мендеш за Cadena Cope.
 
„Многу е среќен во Мадрид, невозможно е да го привлечете на друго место. Ги урива сите рекорди и важи за најдобрата атлета видена некогаш. Среќен е во Реал Мадрид и секогаш бил среќен тука. Ќе ги сруши сите рекорди а потоа ќе се пензионира во Мадрид".
 
„Манчестер Јунајтед секогаш ќе има место во неговото срце бидејќи помина шест години таму. Но тој размислува само на Мадрид и засекогаш ќе остане тука".
 
„Луѓето знаат дека е невозможно да го купат Роналдо, па не вреди ниту да се јавуваат".
 
„Роналдо е најдобриот фудбалер во светот, најдобриот кој некогаш е виден. Нема да видите играч како него. Тој постојано станува се подобар и подобар и ќе го прави тоа до 40 години. Не можете да го споредувате со никој друг. Во наредните 500 години ќе нема играчи како него"