24фудбал

УЕФА драстично ја казни ЦСКА Москва

Рускиот тим ќе игра три натпревари без публика, а на нивните навивачи нема да им биде дозволено да патуваат ниту на гостинските натпревари.

Лига на Шампиони
УЕФА и изрече висока казна на ЦСКА Москва за дивеењето на нивните навивачи на гостувањето кај Рома во првото коло од Лигата на Шампионите, кога руските фанови фрлаа бакли на теренот и кон навивачите на Римската Волчица.
 
Три европски натпревари на домашен терен, ЦСКА Москва ќе ги игра пред празни трибини, а нивните навивачи нема да можат да патуваат ниту на гостинските натпревари од групната фаза во Лигата на Шампионите.
 
Покрај забраните за присуство на навивачи, клубот доби и парична глоба од 200 000 евра.