24фудбал

Симеоне: Одигравме тактички интелигентно

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне не го крие задоволството по победата над Јувентус.

Лига на Шампиони
Откако доживеа пораз во првото коло против Олимпијакос, Атлетико Мадрид освои многу значајни три бода против Јувентус на Висенте Калдерон откако ја совлада Старата Дама со 1-0 со погодок на Арда Туран.
 
„Игравме против одличен тим. Мислам дека одигравме тактички интелигентен натпревар, не е лесно да се игра против тим каков што е Јувентус" - вели Симеоне.
 
„Знаевме дека можеме да им создадеме проблеми со центаршутеви од страничните позиции, тешко успеваат да ги затворат крилата".
 
„Им дозволивме да ја имаат топката, во првото полувреме Јувентус беше подобар, но вториот дел беше наш".