24фудбал

Глишиќ два месеци во аут

Левиот бек на Вардар, Дарко Глишиќ поради скршеница на скочниот зглоб ќе отсуствува до крајот на оваа година.

Македонија
Дарко Глишиќ заработи скршеница на скочниот зглоб на тренинг поради која околу два месеци ќе биде надвор од терените.
 
„Среќа што е фибула, таа надворешна косна на ногата, а не внатрешната, која доколку се скршеше ќе морав да паузирам и девет месеци! Друга среќа во оваа несреќа е што се работи за мојата десна нога, која не е мојата силна страна. Навистина беше несреќен случај на тренингот, незгодно згазнав, но така било пишано" - изјави Глишиќ за Спортмедиа.
 
Со своите игри од почетокот на сезоната, Дарко Глишиќ се промовираше во еден од најдобрите поединци на Вардар, неговите добри изданија му донесоа повик за репрезентацијата, но поради повредата нема да може да и помогне на Македонија во престојните квалификациски дуели против Луксембург и Украина, на негово место е повикан Алијоски.