24фудбал

Тоти: Твитот на Сити ме инспирираше

Капитенот на Рома, Франческо Тоти вели дека на вчерашниот натпревар против Манчестер Сити имал инспирација од твитот што го доби од шампионот на Англија пред средбата

Лига на Шампиони

На неколку часа пред почетокот на натпреварот на Етихад Стадионот, ’Граѓаните’ преку својот официјален Твитер го потсетија Франческо Тоти дека никогаш не постигнал гол на англиско тло.

Очигледно ваквиот твит дојде во лошо време со оглед на тоа дека ’Принцот на Рим’ уште еднаш ја покажа својата класа и со извонреден погодок обезбеди бод за Рома на гостувањето во Англија.

Во разговор со Gazzetta dello Sport, Франческо Тоти вели дека твитот му донел дополнителна инспирација.

„Твитот на Сити? Навистина ми донесе среќа” – вели Тоти, кој со погодокот стана највозрасниот стрелец во историјата на Лигата на Шампионите.

„Тоа беше убав погодок и добри перформанси”.

„Навистина сакав да постигнам гол што е можно поскоро, оваа сезона сеуште ја немав затресено противничката мрежа”.

„Но пред се, презадоволен сум од играта што тимот ја покажа”.

You\'re right, @MCFC. Our Capitano has never scored in England. But there\'s always a first time for everything... #CityvRoma

— AS Roma (@OfficialASRoma) September 30, 2014

Запрашан како се чуствувал откако станал највозрасниот стрелец во ЛШ, Тоти одговори: „Не мислев на тоа кога бев на теренот”.

„Рекордите пристигнуваат благодарејќи на вашите соиграчи и најважен е резултатот што тимот ќе го забелжи”.

„Се фокусирам на тимот а не на мене”.