24фудбал

Гарсија: Горд сум на моите играчи

Тренерот на Рома, Руди Гарсија е задоволен од играта што неговите избраници ја прикажале на гостувањето кај Манчестер Сити

Лига на Шампиони

’Римската Волчица’ непоразена се враќа од Англија, Франческо Тоти обезбеди бод во дуелот со фаворизираниот Манчестер Сити.

„Покажавме дека сме на нивото на Сити” – изјави тренерот на Рома, Руди Гарсија по крајот на средбата. „Горд сум на моите играчи”.

„Имавме наши моменти и креиравме неколку добри шанси за погодок. Во последните десет минути се мачевме, заморот не стигна со оглед на тоа дека во средниот ред ги користиме истите играчи веќе неколку натпревари во низа”.

„Знам колку е тешко да сте во гол негатива по само пет минути игра, но видовме смирена и сталожена Рома, ги искористивме шансите и изедначивме”.

„До нок-аут фазата има уште многу, но сега имаме три бода повеќе од Манчестер Сити”.

„Ремито од гостувањето во Англија ни дава дополнителна самодоверба, но таа и онака беше на високо ниво”.

За голот на Франческо Тоти, кој стана највозрасниот стрелец во Лигата на Шампионите, Руди Гарсија рече: „Неговиот погодок ми преставуваше големо задоволство”.

„Видов како нападна кон голот и потоа неговиот талент ја направи разликата”.

„Се надевам дека ова е почеток на една фантастична приказна во Рома”.