24фудбал

Блан: Победата над Барса ми носи големо задоволство

Тренерот на ПСЖ, Лоран Блан е задоволен од триумфот над ’Каталонците’ и вели дека им бил потребен ваков натпревар за да се вратат во топ форма

Лига на Шампиони

Шампионот на Франција пред своите фанови славеше со 3-2 над Барселона, ’Каталонците’ до вчера немаа доживеано пораз ниту пак примено гол оваа сезона.

„Оваа победа ми носи огромно задоволство” – рече Лоран Блан по крајот на натпреварот. „Имавме малку време да се подготвиме за овој натпревар и сезоната ја започнавме споро, но работевме многу”.

„На моите фудбалери им кажав дека ни се потребни одлични колективни перформанси доколку сакаме добар резултат”.

„Иако некои играчи имаа извонредни перформанси, колективниот напор ни ја донесе победата”.

„Ни беше потребен ваков натпревар за да се вратиме во топ форма”.

Запрашан дали ова е неговата најголема победа како тренер на ПСЖ, Блан одговори: „Оваа победа сигурно ќе ја запемтам”.

„Но мислам дека истото важи и за играчите и за оние кои беа присутни на стадионот”.

„Ваквите натпревари е причината поради која сакате да ја извршувате вашата работа”.

„Подготовките беа комплицирани, околината ве става под голем притисок, но тоа дава зачин на самата игра”.

„И кога ќе победите, навистина сте задоволен”.