24фудбал

Луис Енрике: Одговорноста за поразот е моја

Тренерот на Барселона, Луис Енрике вели дека ПСЖ е на исто ниво со неговиот тим и поразот во Париз не е некое големо изненадување.

Лига на Шампиони
Барселона синоќа доживеа пораз на гостувањето кај ПСЖ и покрај тоа што домаќините играа без својот најдобар фудбалер, Златан Ибрахимовиќ.
 
„Зошто изгубивме? Причините се јасни, гостувавме кај противник кој е на исто ниво со нас" - изјави Луис Енрике.
 
„Не бевме добри како што очекувавме. Имавме некои чисти шанси пред крајот и можевме да изедначиме. Не можам да речам дека резултатот не е реален, но и реми ќе беше реален резултат".
 
„Го знам ПСЖ, го знам нивниот потенцијал. Тие сакаат да ја освојат Лигата на Шампионите и не ме изненадија. Но оваа игра е полна со изненадувања, па нема да ни биде лесно ниту во Амстердам ниту во Кипар".
 
Енрике беше запрашан зошто се одлучил да му даде шанса на Тер Штеген на голот пред одличниот Клаудио Браво.
 
„Обично не зборувам за индивидуални перформанси. За поразот се виновни сите, практично јас. Јас сум тренер, јас сум главата на тимот, ја прифаќам одговорноста".