24фудбал

Пелегрини: Ќе се бориме до крај

Мануел Пелегрини се надева дека Манчестер Сити ќе успее да се пласира во нокаут фазата и покрај лошиот старт на натпреварите во групната фаза.

Лига на Шампиони
Од два одиграни натпревари против ривалите, Манчестер Сити има освоено само еден бод, но има уште четири дуели до крајот и Пелегрини се надева на добар финиш.
 
„Имаме еден бод од можни шест но исто така само три помалку од Рома, па има уште за играње. Се надеваме дека ќе го добиеме следниот натпревар во Русија, па ќе видиме што ќе се случи против Баерн Минхен" - вели Пелегрини.
 
„Има уште 12 бодови во игра, ќе се бориме до крај и ќе се обидеме да се квалификуваме".
 
„Никогаш не е добро кога ќе освоите само бод дома, но игравме против многу силен тим кој е во многу добра форма во моментов".
 
„Не игравме добро, особено во првото полувреме. Во вториот дел бевме подобри но се чини дека нерешениот резултат е реален".