24фудбал

Чави со рекордни 143 настапи во ЛШ

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Чави на вчерашниот дуел со ПСЖ стана играчот со најголем број настапи во најелитното европско натпреварување

Лига на Шампиони

Шпанецот средбата ја започна на клупата за резерви а на теренот влезе во 69. минута како замена за Иван Ракитиќ.

Со овој настап, Чави стигна до бројката од 143 и зад себе го остави својот сонародник Раул, кој има 142 настапи во Лигата на Шампионите.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс е трет на оваа листа со 141 настап, еден повеќе од голманот на Реал Мадрид, Икер Касиљас.