24фудбал

Жиру доби нов договор

Арсен Венгер потврди дека ’Топџиите’ постигнале согласност со напаѓачот Оливие Жиру за продолжување на соработката

Англија

Медиумите од ’Островото’ во неколку наврати пренесоа дека репрезентативецот на ’Триколорите’ е многу блиску до продолжување на верноста кон Арсенал за уште две дополнителни години до 2018.

Зборувајќи на денешната прес конфренција во пресрет на дуелот со Галатасарај во Лигата на Шампионите, Арсен Венгер потврди дека Оливие Жиру ќе стави потпис на нов договор.

„Се е договорено. Ќе испратиме соопштение кога ќе се комплетираат сите формалности” – рече менаџерот на ’Топџиите’.

„Сакаме стабилност и да го задржиме јадрото на нашиот тим. Жиру е важен фудбалер за нас”.

Во моментов 28 годишниот напаѓач се опоравува од повреда на скочниот зглоб и ќе паузира до крајот на годината.