24фудбал

Гарсија: Рома нема што да загуби против Сити

Руди Гарсија вели дека ’Римската Волчица’ е аутсајдер на гостувањето кај Манчестер Сити, па тие немаат што да загубат на Етихад Стадионот

Лига на Шампиони

Рома на првиот натпревар славеше над ЦСКА Москва и со три бода на своето конто гостува во Англија.

„Ја започнавме сезоната добро и победата над ЦСКА Москва ни овозможува да играме без притисок” – рече Руди Гарсија на прес конференцијата.

„Кога беше направена ждрепката, речиси сите предвидоа дека ќе доживееме пораз на овој натпревар, па немаме што да загубиме, можеме само да добиеме. Манчестер Сити е тој што може се да загуби”.

„Да не заборавиме дека бевме во четвртиот шешир на ждрепката, што значи дека сме аутсајдери, особено против шампионите на Англија и Германија”.

„Оваа улога ни дава дополнителен потик да им покажеме дека ваквото етикетирање е погрешно”.

„Натпреварот ќе биде тежок, но ќе се обидеме да им го загоричиме животот”.

Тренерот на Рома потоа додаде: „Лесно е да се подготвите за натпреварите од Лигата на Шампионите, бидејќи не треба да ги мотивирате играчите”.

„Ќе имаме доволно време да се подготвиме за следниот натпревар од Серија А, па затоа против Манчестер Сити ќе го дадеме максимумот, нема да калкулираме”.

„Сигуен сум дека ќе имаме наши периоди и ќе мораме максимално да ги искористиме шансите што ќе ни се укажат”.