24фудбал

Блан: Со Ибра во тимот работите се полесни

Тренерот на ПСЖ, Лоран Блан признава дека ќе биде тешко без Златан Ибрахимовиќ против Барселона, и побара целиот тим да го надополни отсуството на Швеѓанецот

Лига на Шампиони

’Светците’ вчера соопштија дека Златан Ибрахимовиќ сеуште се мачи со повреда на петата, па нема да настапи против својот поранешен клуб Барселона во второто коло од групната фаза во Лигата на Шампионите.

„Знав дека има добри шанси Ибра да не настапи, па со ова на ум се подготвуваме за дуелот против Барса” – рече Лоран Блан на вчерашната прес конференција. „Не тренираше денеска, па нема потреба да ризикуваме”.

„Ќе биде тешко без него, со Ибра во тимот работите секогаш се полесни. Сигурен сум дека со Ибра играме подобро, но против Барса ќе мора да настапиме без него”.

„Ќе треба да компензираме со одлични тимски перформанси”.

За дуелот со Барсeлона, Блан вели: „Тоа ќе биде несекојдневен натпревар, фантастична средба, за играчите, тренерите, медиумите и фановите... за сите оние кои го сакаат фудбалот”.

„Тешко е да се игра протв Барселона кога тие го имаат поседот на топката. Доколку не прикажме добри тимски перформанси, ќе биде многу тешко да обезбедиме добар резултат”.

„Мораме да бидеме поодлучни и поагресивни. Мораме на натпреварот да му пристапиме со верба дека можеме да победиме”.

Блан, кој во својата кариера една година го носеше дресот на ’Каталонците’, потоа додаде: „Барселона е еден од моите омилени клубови, особено поради нивната фудбалска филозофија”.

„Некои ја сакаат, некои не, јас лично ја обожавам”.

„Клубот забележа големи успеси, освои бројни трофеи изминативе десет години, но што е најважно, играше атрактивен фудбал и постигнуваше многу погодоци... Доминираа во Европа”.

„Не играв многу во Барселона, но горд сум што го носев дресот на ’Каталонците’”.