24фудбал

Мурињо: Диего Коста ќе игра против Спортинг и Арсенал

Жозе Мурињо ќе ризикува со Диего Коста и ќе го игра на престојните два натпревари против Спортинг Лисабон и Арсенал.

Лига на Шампиони
Напаѓачот влече повреда поради која има проблеми со фитнесот и до сега настапуваше само во натпреварите од Премиер лигата.
 
Но по ремито со Шалке на Стемфорд Бриџ, Челзи мора да оди на победа на гостувањето кај Спортинг, па Мурињо ќе ризикува и ќе го стави Диего Коста во игра од првата минута.
 
„Диего Коста ќе биде стартер против Спортинг, се надевам дека ќе игра и против Арсенал" - изјави Мурињо.
 
„Дидие Дрогба неколку недели ќе биде надвор од теренот, има проблеми со зглобот и не можеше да патува со нас".
 
По гостувањето кај Спортинг, Челзи ќе биде домаќин на големото лондонско дерби против Арсенал.