24фудбал

Гвардиола: ЦСКА е тежок противник

Пеп Гвардиола вели дека Баерн Минхен нема да има лесна задача во Москва и покрај дебаклот на ЦСКА во првото коло во Рим.

Лига на Шампиони
ЦСКА беше понижена на гостувањето кај Рома со 5-1, Баерн Минхен го совлада Манчестер Сити во првото коло од групната фаза во Лигата на Шампионите.
 
Според тие резултати, Баварците не би требало да имаат тешка задача во Москва, но Пеп не мисли така.
 
„Дали победите од минатата година против ЦСКА ни даваат поголема самодоверба? Тоа е нормална ситуации, добро ја познаваме ЦСКА. Имаат добар тренер и речиси истиот тим од минатата сезона" - вели Гвардиола.
 
„Треба да ги почитуваме без разлика на нивниот резултат во Рим. Имаат искусни фудбалери како што се Игнашевич и Акифеев и некои многу брзи играчи во нападот. ЦСКА е многу тежок противник и потполно ги почитуваме".
 
„Во моментов работиме на нашата форма. Во Лигата на Шампионите треба да одиграте на секој натпревар на највисоко ниво за да го добиете. Ги имаме сите фудбалери на располагање, сите се фит.