24фудбал

Ремзи најмалку еден месец надвор од теренот

Поради повредата која ја заработи на дуелот со Тотенхем, Арон Ремзи околу еден месец ќе биде надвор од теренот, Велшанецот ќе го пропушти дербито против Челзи.

Англија
Удар за Арсенал во пресрет на големото лондонско дерби против Челзи, Арон Ремзи ќе отсуствува најмалку еден месец поради повреда на бутниот мускул.
 
Велшанецот пред време го напушти натпреварот против Тотенхем, а доколку прогнозите за неговата повреда се покажат точни, покрај дуелот со Челзи, тој нема да настапи ниту на дуелите против Хал, Андерлехт и Сандерленд, како и на квалификациските натпревари за Велс против Босна и Херцеговина и Кипар.
 
Повреди на средбата со Тотенхем заработија и Вилшер и Артета. Вилшер е добар и можеби ќе биде подготвен и за дуелот со Галатасарај, Артета ќе паузира околу три недели.
 
Арсенал од поодамна поради повреди не може да смета на Дебуши и Монреал.