24фудбал

Пелегрини: Мораме да победиме против Рома

Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини очекува тежок натпревар против Рома и вели дека ’Граѓаните’ мораат да освојат три бода

Лига на Шампиони

Шампионот на Англија се наоѓа во тешка група, па по поразот на првиот натпревар против Баерн Минхен, Манчестер Сити мора да обезбеди добар резултат против Рома.

„Мораме да победиме” – рече Мануел Пелегрини на денешната прес конференција. „Не очекува тежок натпревар, но верувам дека можеме да стигнеме до трите бода”.

Запрашан дали резултатите од првото коло носат дополнителна тежина, стратегот одговори: „Не чуствуваме дополнителен притисок. Да не заборавиме дека и минатата сезона започнавме со порази, и тоа на домашен терен”.

„Бевме блиску до бод против Баерн, но и доколку останевме непоразени, немаше да го промениме пристапот кон дуелот со Рома”.

„Минатата сезона, по поразот во првото коло забележавме пет победи во низа. Доколку утре одиграме како што умееме, сигурно ќе победиме”.

„Групата е тешка и не можеме да губиме бодови на домашен терен. За нас е многу важно да триумфираме утре”.

За противникот, Мануел Пелегрини рече: „Мислам дека Рома е многу добра екипа, не само поради сегашната форма туку и поради игрите од минатата сезона”.

„Гарсија е одличен менаџер кој на располагање има брзи и технички добро потковани фудбалери”.