24фудбал

Зидан пред отказ од Реал

Се тресе тренерското столче на Зинедин Зидан, Реал Мадрид Б се наоѓа на последната позиција во третата лига па шпанските медиуми шпекулираат дека Зизу би можел да добие отказ.

Шпанија
Зинедин Зидан одлично функционираше како помошник на Карло Анчелоти, но легендата на Реал Мадрид лошо ја започнува тренерската соло кариера.
 
По шест одиграни кола Реал Мадрид Б се наоѓа на последната позиција во третата лига со само една победа и дури пет порази.
 
Во шпанските медиуми се погласни се шпекулациите дека Зизу би можел да заработи отказ од тренерската позиција доколку работите не се променат во наредните неколку кола.