24фудбал

Меси: Не можев ниту да замислам дека ќе постигнам 400 гола

Во победата над Гранада, Лео Меси го постигна својот 400. гол во кариерата, Аргентинецот вели дека не можел ниту да замисли дека ќе дојде до оваа бројка на погодоци за Барселона и Аргентина.

Шпанија
Барселона и Меси имаат одличен старт на сезоната, а на натпреварот против Гранада, Аргентинецот дојде до магичната бројка од 400 погодоци во својата кариера.
 
„Никогаш не можев ниту да замислам дека ќе имам ваков успех во мојата кариера. Благодарам на сите за честитките за моите 400 гола за Барселона и Аргентина" - изјави Меси.
 
„Ќе продолжам да работам напорно и да постигнувам уште погодоци".