24фудбал

Руни се извини за црвениот картон

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни се извини за црвениот картон и потврди дека нема да се жали на одлуката да биде суспендиран на три натпревари.

Англија
Вејн Руни заработи директен црвен картон на дуелот против Вест Хем кој Црените Ѓаволи го добија со 2-1.
 
Капитенот на Манчестер Јунајтед намерно го шутна Стјард Даунинг, беше исклучен и го остави својот тим со фудбалер помалку до крајот на натпреварот.
 
„Се извинувам за црвениот картон. Мислам дека сите видоа дека тоа беше погрешно" - изјави Руни.
 
„Секогаш е тешко кога противникот има 11 играчи а вие фудбалер помалку на теренот, среќен сум што успеавме да победиме".
 
„Видов дека противничкиот фудбалер започнува контра напад, се обидов да го спречам но направив погрешна проценка, па одлуката на судијата е правилна, не можам да се жалам на црвениот картон".
 
Поради црвениот картон Руни ќе ги пропушти натпреварите против Евертон, Вест Бромвич и Челзи.