24фудбал

Велигтон: Меси ме нарече к**вин син (видео)

Дефанзивецот на Малага, Велигтон Оливеира објасни зошто го фати Меси за гуша и го турна на земја.

Шпанија
Во финишот од натпреварот помеѓу Малага и Барселона, капитенот на домашниот тим влезе во конфликт со Меси.
 
Велигтон го фати Меси за врат и го турна на земјата, дефанзивецот на Малага помина само со жолт картон, иако се чини дека требаше да биде исклучен.
 
Оливеира Велигтон сега објаснува што точно се случило во таа 83. минута.
 
„Се обидував да не му дозволам да прими топка и откако дуелот заврши, Меси се сврте накај мене и ме нарече курвин син" - изјави фудбалерот на Малага.