24фудбал

Мецелдер: Имобиле нема квалитет да биде замена за Левандовски

Поранешниот дефанзивец на Борусија Дортмунд, Криштоф Мецелдер смета дека Чиро Имобиле не вреди за парите кои се платени за него.

Германија
Мецелдер се сомнева во квалитетите на Имобиле кој беше доведен како замена за Роберт Левандовски кој се пресели во Баерн Минхен.
 
Борусија Дортмунд за Имобиле му плати 18 милиони евра на Торино, Мецелдер смета дека оваа сума е превисока за италијанскиот напаѓач.
 
„Ситемот на Клоп е вистински предизвик за новите фудбалери. Особено кога доаѓате од друга лига каде што начинот на работа е многу поинаков, не е лесно да се адаптирате" - смета Мецелдер.
 
„Тоа може да го видите и со Адриан Рамос кој се обидува да ја најде својата улога во овој систем".
 
„Потребно е време, истото беше и со Левандовски. Но треба да се запрашате, дали Имобиле е тип на напаѓач кој би се вклопил во системот на Клоп?".
 
„Против Арсенал изврши добра работа, но против тимови кога на Дортмунд му треба напаѓач кој треба да игра малку повеќе, нешто за што Левандовски е перфектен, може ли Имобиле да го прави тоа? Се сомневам".
 
„Да бидам искрен немам чувство дека Имобиле вреди 18 милиони евра".
 
„Но Клоп сметаше дека му е потребен, го сакаше него, времето ќе покаже".