24фудбал

Не е безбедно да се игра во Тетово, голманот на Вардар погоден со камен во глава

Инциденти на натпреварите Шкендија - Вардар и Шкупи - Тетекс, гостинските екипи биле каменувани од трибините.

Македонија
Како што јавува Спортмедиа, првите 1/8 финални куп натпревари помеѓу Шкендија и Вардар како и дуелот помеѓу Шкупи и Тетекс поминале со инциденти креирани од домашните навивачи.
 
На дуелот во Тетово најдебелиот крај го извлекол голманот на Вардар, Игор Павловиќ кој по крајот на натпреварот бил погоден со камен во глава, по што морал да интервенира лекарскиот тим и да го спречи крварењето.
 
Покрај фрлањето камења и други предмети на теренот, популарните Балисти не се штеделе од националистички скандирања со кои биле навредувани Македонците.
 
Слични инциденти имало и во Чаир на натпреварот помеѓу Шкупи и Тетекс кој заврши 1-1.
 
И таму од трибините летале разни предмети кон гостинските фудбалери.
 
Останува сега да видиме како ќе реагира ФФМ на ваквите случувања на македонските стадиони.
 
Фото: fkvardar.mk