24фудбал

Ромеро: Не сум луд да го одбијам Јунајтед

Репрезентативецот на ’Гаучосите’, Серхио Ромеро инсистира дека изминатово лето не одбил понуда од ’Црвените Ѓаволи’

Италија

Медиумите шпекулираа дека на адреса на 27 годишниот голман на Сампдорија во последните мигови од летниот преоден рок пристигнала понуда од Манчестер Јунајтед, но тој одбил да се пресели на Олд Трафорд.

Во разговор со Radio Nacional, Серхио Ромеро сега ги демантира ваквите стории.

„Многу лаги беа објавени, како на пример дека сум одбил трансфер во Манчестер Јунајтед” – вели Аргентинецот.

„Според мене, нешто такво е лудост”.

Откако не најде нов клуб во летниот преоден  рок, Серхио Ромеро, кој беше прв голман на ’Гаучосите’ на мундијалот во Бразил, сега е резерва на Емилиано Вивиано и Жуниор Коста.

„Не можам да останам на клупата премногу долго”.

„Истото ова ми се случи и во Франција, пристигнав во клубот на крјаот од преодниот рок и морав да чекам да ми се укаже шанса како стартер”.

„Среќен сум во Сампдорија и ќе продолжам да работам напорно за да му докажам на тренерот дека можам да играм и дека не заслужувам да бидам помеѓу резервите”.