24фудбал

Торес: Би го менувал голот за победа

Фернандо Торес синоќа го постигна својот деби гол за Милан, среќен е поради тоа, но вели дека посреќен би бил доколку тој не постигнел гол а Росоњерите победеле.

Италија
Милан одигра 2-2 на гостувањето кај Емполи, Фернандо Торес за прв пат беше стартер во црвено-црниот дрес и успеа да се запише во листата на стрелците.
 
„Среќен сум поради постигнатиот гол. Но би го заменил за победа" - вели Торес.
 
„Физички сум подобар, но сеуште не сум 100% подготвен, сепак можам да играм".
 
„Се обидувам да се адаптирам на барањата на тимот, полесно е кога имате големи играчи околу вас како што се овие во Милан".
 
„Сега ја учам и лигата, како тимовите играат во Серија А, бидејќи таа е поразлична од Ла Лига и Премиер лигата".
 
„Среќен сум, собирам самодоверба, но се разбира дека секогаш може подобро".