24фудбал

Деби гол на Торес, Милан освои само бод кај Емполи

Фернандо Торес го постигна својот прв гол во дресот на Милан, Росоњерите се вратија од два гола негатива и одиграа 2-2 на гостувањето кај Емполи.

Италија
Во својот прв старт, Фернандо Торес се запиша во листата на стрелците за Милан, Ел Нињо постигна убав гол со глава пред крајот на фудбалерот и го намали водството на домаќините на 2-1.
 
Уште еднаш се покажа дека болна точка на Милан на почетокот од сезоната е одбраната, тимот на Пипо Инзаги лесно прима голови.
 
Вториот погодок за Милан беше дело на Хонда по 15 минути игра во второто полувреме, до крајот на натпреварот имаа шанси и за целосен пресврт, но тоа не се случи.